Македонија
Пелистер го победи Алкалоид во „Автокоманда“

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го победија Алкалоид (23:29) во денешното дерби на македонската машка ракометна Супер лига и во позитивна атмосфера ќе го дочекаат дербито за титула со Вардар.
Битолчани настапија без Филип Кузмановски, но сепак стигнаа до победата на гостински терен, нешто што им беше потребно по поразот во финалето на Купот од најголемиот ривал Вардар.
Пелистер уште на полувреме водеше со 14:18, Алкалоид во продолжението еднаш стигна на минус еден гол, но сепак гостите беа подобри во завршницата и ги освоија бодовите во „Автокоманда“.
Од натпреварот вреди да се истакне и црвениот картон кој му беше доделен на домашниот тренер Кире Лазаров, кој беше исклучен по забелешките за судиите во 40. минута од средбата.
Манасков со 6 голови беше најефикасен во победничката екипа, додека кај Алкалоид, Петковски исто така беше најефикасен со 6 погодоци.
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Италија9 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра