Поврзете се со нас

Италија

Нико Гонзалес добил понуда од Саудиска Арабија, Јувентус се надева дека ќе ја прифати

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Нико Гонзалес не успеа да го убеди тренерот Игор Тудор дека треба да инсистира на негово останување во тимот за новата сезона, па аргентинскиот репрезентативец е ставен на трансфер листата на Јувентус.

Италијанскиот клуб плати околу 38 милиони евра за Гонзалес пред една година, но тој не ги исполни очекувањата под водство на Тиаго Мота, а не направи посебен пробив и во настапите кога на клупата седеше Тудор.

Агентите на Аргентинецот се обидуваат да пронајдат најсоодветна солуција за фудбалерот кој сака солидна минутажа за да остане во фокусот на аргентинскиот селектор Скалони во пресрет на СП 2026, а првата посериозна понуда пристигнала од Саудиска Арабија.

Ал Ахли е тимот кој е подготвен да ги плати бараните 30 милиони евра од италијанскиот клуб и би сакал да го доведе Нико како засилување за новата сезона, но останува да се види дали крилниот напаѓач ќе ја реализира желбата на двата клуба.

Се појавија шпекулации дека Гонзалес може да биде позајмен во Олимпик Марсеј и со тоа да остане во Европа, но засега нема ништо конкретно од соработката со францускиот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни