Поврзете се со нас

Шпанија

Момент кој предизвика дебата: Зошто пеналот на Елче не беше повторен?

Објавено

на

Елче пропушти голема шанса да освои бод на дуелот со Атлетико Мадрид, откако во судиското продолжение доби пенал поради играњето со рака на Љоренте во шеснаесетникот на гостинската екипа.

Судиското надополнување веќе беше започнато и се чинеше дека Елче ќе ја казни дефанзивната тактика на Диего Симеоне во завршницата, но Фидел го погоди само левиот дирек, а до крајот немаше промена на тогашните 0:1.

Она што предизвика дебата меѓу фановите е фактот што од повторената снимка јасно се гледа дека Јан Облак не ја гази гол-линијата барем со едната нога во моментот кога фудбалерот на Елче шутира, а пеналот сепак не беше повторен и Атлетико си обезбеди важни бодови.

Шпанските медиуми веднаш ја пренесоа изјавата на поранешниот судија Едуардо Итуралде, кој смета дека судијата Мелеро Лопез постапил исправно.

– Ако топката се одбие од рамката на голот, а голманот не влијаел на изведувачот да го промаши пеналот, тогаш ВАР не реагира и пеналот не се повторува, – изјавил Итуралде во својата анализа за „АС“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни