Поврзете се со нас

Балкан

Манџукиќ се повлече од стручниот штаб на хрватската репрезентација

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HNS_CFF

Хрватската фудбалска федерација денеска потврди дека Марио Манџукиќ веќе нема да биде дел од стручниот штаб на селекторот Златко Далиќ и дека ваквиот епилог доаѓа на барање на поранешниот фудбалер.

Манџукиќ влезе во стручниот штаб по крајот на професионалната кариера, односно во 2021 година, па со националниот тим стигна до трето место на СП во Катар и второ место во Лигата на нации.

Двете страни со соопштение денеска се заблагодарија за успешната соработка, посакувајќи си среќа во иднина, а барем засега не е јасна причината за одлуката на Манџукиќ и дали планира да преземе друга функција на фудбалската сцена.

Хрватите имаат традиција да ангажираат поранешни репрезентативци како помошници на селекторот, а по заминувањето на Манџукиќ, на Далиќ ќе му помага само Ведран Чорлука.

Далиќ веќе го соопшти списокот на септемвриските обврски во Лигата на нации, а Хрватите ќе се соочат со Португалија и Полска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни