Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков и Веспрем најдоа решение за незгодниот Мотор

Објавено

на

Веспрем го победи Мотор во натпревар од ракометната Лига на шампиони, но гостите уште еднаш покажаа дека сезонава се незгоден противник и не му дозволија на фаворитот да стигне до лесен триумф (34:30).

Дејан Манасков и неговите соиграчи ја остварија целта, но и покрај брзото водство од три гола на почетокот, украинскиот тим покажа заби и на полувреме отиде со нерешен резултат 17:17.

Гостите дури дојдоа и до предност во второто полувреме, но Веспрем подобро се снајде во завршницата, во која ги обезбеди важните бодови со победа од 34:30.

Манасков реализираше 2 гола во мрежата на Мотор од исто толку обиди, а најефикасни во Веспрем беа Македа и Маргуч со по дури 12 голови.

Кај Мотор доминираше Дмитро Хориха кој постигна 7 голови.

За Веспрем ова беше осма победа во групата што е доволно за зацврстување на второто место зад Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни