Поврзете се со нас

Балкан

Мала минутажа за Бабунски и Ашковски, важна победа за Ботошани

Објавено

на

Ботошани денеска оствари важна гостинска победа против Газ Метан (0:2) во рамките на плејофот на романската фудбалска лига е и поблиску до позиција која носи во Лига Европа.

Македонските интернационалци Стефан Ашковски и Давид Бабунски не беа во стартниот состав, а Ботошани уште во првото полувреме стигна до предност која ја задржа до крајот на средбата.

Ашковски влезе во игра во 72. минута, додека Бабунски имаша улога само во судиското продолжение, а победата е многу значајна во битката за што подобар пласман на завршната табела.

Ова е и прва победа за Ботошани во плејоф рундата, а сега е на делба на третото место со ФЦСБ, екипа која сепак има натпревар помалку.

Токму ФЦСБ е следен противник на Ботошани и резултатот од оваа средба ќе има големо значење во битката за излез во Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни