Поврзете се со нас

Евролига

Макаби се пофали со потписот на хрватски играч од НБА лигата

Објавено

на

Израелскиот кошаркарски великан Макаби Тел Авив денеска официјално потврди дека го добил потписот на хрватскиот кошаркар Анте Жижиќ.

Хрватскиот центар беше блиску до трансфер во Реал Мадрид, но Макаби успеа да го привлече со петгодишен договор, по што Жижиќ ја напушта НБА лигата.

Израелските медиуми тврдат дека клучна улога за овој трансфер имал спортскиот директор на Макаби, Никола Вујчиќ, кој денеска со заедничка фотографија со Жижиќ и го потврди трансферот.

Жижиќ отиде во НБА од редовите на Дарушафака во 2017 година, но не успеа да добие поголема шанса во редовите на Кливленд.

Пред Анте, во Макаби настапуваше и неговиот постар брат, Андрија Жижиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни