Европски првенства
Лазаров: Не би требало да проработи македонскиот менталитет!

Од Загреб за „Дерби“,
Александар Табаковски
Македонската ракометна репрезентација во текот на денешниот ден е пред својот втор чекор на Европското првенство во Хрватска, а истиот го очекуваме во навистина поволна атмосфера со оглед на тоа што нашите миленици не израдуваа со херојска победа против Словенија на својот прв меч во Загреб.
Добро познато е дека наш противник оваа вечер во 20:30 часот ќе биде репрезентацијата на Црна Гора, која покрај тоа што го навести мечот против Македонија како клучен на ова Европско првенство, исто така заштеди дел од силите на првата средба со оглед на тоа што во завршницата одмори најголем дел од своите важни играчи во очекуваниот пораз од Германија.
Токму ова го потенцираше и нашиот капитен Кире Лазаров во најавата за овој дуел, јасно ставајќи акцент на тоа дека најважно е да не проработи тој македонско-балкански менталитет и да не се потцени противникот.
– За нас нема лесни мечеви. Самите гледате дека сите се надеваат дека ќе освојат бодови против нас, па дури и Црногорците во мечот со Германија се поштедија и ги задржаа сите сили за дуелот со нас. И пред почетокот на првенството, нивните главни адути јасно порачаа дека ќе ги чуваат сите сили за нас, но мислам дека ние сме подготвени, свесни, концентрирани. Имаме многу поголемо искуство, голем дел од играчите веќе со години го носат репрезентативниот дрес. Не би требало да проработи тој балкански, македонски менталитет. Цврсто верувам во овој тим и знам дека ќе го дадеме најдоброто од нас. Доколку сакаме да извојуваме позитивен резултат, треба да бидеме за нијанса подобри од првиот меч. Направивме анализа на она што се случуваше против Словенија, има работи кои треба да се подобрат, но тоа е само знак дека можеме да бидеме уште подобри од сега. Цврсто стоиме на земја, математички не сме пласирани во главната рунда и свесни сме за тоа. Потенцирам, утре треба да бидеме за нијанса подобри и само ако така размислуваме ќе стигнеме до победа, – посочи Кире.
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП22 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…