Европски купови
Лазаров: AEK нѐ потцени, наше е да ја претвориме предноста во европски трофеј

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот од финалето на Европскиот куп против АЕК, а македонскиот тим со позитивниот резултат од првата средба е многу блиску до историски успех и прв европски трофеј во клупската историја.
Клубот денеска со прес-конференција го најави натпреварот против грчкиот ривал, а тренерот Кирил Лазаров зборуваше за првата средба, но и за очекувањата од дуелот кој следува во недела.
– Одигравме еден одличен натпревар во Атина, можам слободно да кажам резултатски за мене и неочекувано имаме голема предност во пресрет на реваншот.
– Момците беа на висина на задачата и мислам дека со голема предност влегуваме во реваншот со АЕК. Од една страна сум претпазлив поради нашиот менталитет, во тимот имаме 19 Македонци, но од друга страна чувствувајќи ја атмосферата веројатно треба порелаксирано да го дочекаме овој натпревар и да уживаме.
– Ќе се обидеме со стручниот штаб повторно да ги растовариме играчите од притисокот и да ги релаксираме, а поради тоа еден ден пред средбата ќе одиме и во карантин, не сакам да бидат под притисок и во недела да го дадат најдоброто од себе. Работевме и на одредени грешки од првата средба и подготвени го очекуваме реваншот, се надевам дека овој млад состав нема да се изгуби поради големата поддршка во салата.
– Мислам дека не потценија малку и не очекуваа дека нема да подлегнеме на тој притисок таму, па сега потрезвено ќе настапот во недела. Нашиот систем функционира и покрај слабостите, ни недостасуваат и неколку играчи, но така функциониравме и досега, – истакна Лазаров.
Натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК се игра во недела од 20:30 часот, а македонскиот претставник на првата средба победи со 29:25.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал