Поврзете се со нас

Формула 1

Култхард: Само една работа може да го спаси Хамилтон од губење на титулата

Објавено

на

Дејвид Култхард е убеден дека Ред Бул и Макс Ферстапен се одлично подготвени за оваа сезона да ја прекинат доминацијата на Мерцедес и Луис Хамилтон.

Шкотланѓанецот кој во Формула 1 кариерата возеше за Вилијамс, Мекларен и Ред Бул смета дека Хамилтон може само среќно да ја продолжи серијата.

– Ред Бул и Ферстапен се подготвени, се работи за тим кој веќе неколку сезони има брз болид.

– Иако е многу млад, Ферстапен делува искусно, ужива во притисокот и сезонава е подготвен да стане светски шампион.

– Единствено што може да го спречи се Боговите на тркањето, односно некоја несреќа или голем технички проблем кој би се провлекувал. Не треба да се заборави дека Хамилтон секогаш наоѓа дополнителна мотивација кога е притиснат до ѕид, а тоа е добро и за него, но и за целата Формула 1, – истакнал Култхард.

Претстојниот викенд Ф1 возачите ќе се натпреваруваат во Португалија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни