Поврзете се со нас

Свет

Игор Стефановски Иџе на победничкиот пиедестал на Имола

Објавено

на

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе обезбеди место на победничкиот пиедестал на трката на патеката Имола од италијанскиот ТЦР шампионат.

Иџе беше единствениот странски натпреварувач на третиот викенд од ова ТЦР првенство, а откако вчера не успеа да ја заврши трката, денеска го освои третото место.

Стартот од третото место му овозможи на Стефановски да се бори за висок пласман, во еден момент стигна и до второто место, но следуваше непосакувано напуштање на патеката што значеше шеста позиција на средина на трката.

Во продолжение Стефановски стигна до четвртото место, а казната од пет секунди за водечкиот Пелегрини значеше дека тој ќе напредува една позиција и го освои третото место на трката на Имола.

За нашиот автомобилист ова се и првите бодови во италијанскиот ТЦР шампионат, откако ги пропушти првите два викенда.

Победник на денешната трка беше Дамијано Редуци, а второто место го освои Салваторе Тавано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни