АТП
Ѓоковиќ го скрши отпорот на Хуркач и стигна до историски 100. трофеj во кариерата

Новак Ѓоковиќ имаше сет негатива и мораше да игра долг меч против Роберт Хуркач, но на крајот победи со 2:1 во сетови во финалето на АТП турнирот во Женева.
Српскиот тенисер не потклекна пред секогаш незгодниот полски ривал, кој успеа да го добие првиот сет со 7:5, но во следните два се играше тај-брејк.
Ѓоковиќ го искористи искуството и маестрално одигра во решавачката етапа од вториот и третиот сет и со два добиени тај-брејка го комплетираше пресвртот.
За српскиот тенисер ова е остварување на една важна цел, а тоа освојување на стотиот АТП трофеј во својата неверојатна тениска кариера.
Влегувањето во клубот 100 секако е цел која Ноле ја бркаше од Олимписките игри во Париз, па со освоениот јубилеен трофеј сега е во друштво на Рожер Федерер (103) и Џими Конорс (109) кои досега беа единствени двајца со освоени најмалку 100 титули.
109 – Connors
103 – Federer
100 – Djokovic 🆕@DjokerNole joins the 100 club as the third man ever to win 100+ singles titles! pic.twitter.com/mR8a3t5FIq— Tennis TV (@TennisTV) May 24, 2025
-
Англија14 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија6 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет14 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП5 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија12 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Свет9 часа
Маскерано: Меси руши рекорди на секои три дена