Италија
Гасперини по контроверзниот пенал за Бриж: Фудбалот станува непрепознатлив спорт

Аталанта загуби на гостувањето кај Клуб Бриж во плејофот во Лигата на шампионите, но ќе има можност да го неутрализира негативниот резултат на домашен терен.
Сепак, гостите од Италија ја напуштаат Белгија бесни поради одлуката на турскиот судија Мелер, која директно влијаеше на резултатот и тоа во самиот финиш на средбата.
Домашниот состав доби пенал, кој во 94. минута го претвори во гол за победа од 2:1, а фудбалерите на Аталанта притоа заработија и неколку жолти картони поради протестите кај судијата.
На крајот бесен беше и тренерот Џан Пјеро Гасперини, а во првата изјава истакнал дека не може да поверува дека вакви контакти се судат како пенали.
– Фудбалот е контаминиран, сите имаме различна претстава што е прекршок, а фудбалерите се обидуваат постојано да изнудат нешто на сметка на противникот.
– Фудбалот оди во насока која нема никаква врска со нашиот спорт, мора да ја прифатиме одлуката, но јас дефинитивно веќе не ги знам правилата на играта.
– Треба да скокаме и трчаме како пингвини, со рацете до телото, правилата се менуваат во погрешна насока и фудбалот станува непрепознатлив спорт, – истакнал Гасперини.
-
Англија23 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија10 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија21 час
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија21 час
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Свет23 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Шпанија21 час
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет10 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)