Поврзете се со нас

Европски купови

Финалето меѓу Алкалоид и АЕК нема да се одигра, гостите одбија да излезат на терен

Објавено

на

Натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК во финалето на Европскиот куп требаше да биде ракометен спектакл во Скопје, но гостите се погрижија вечерва да се случи невообичаена ситуација.

Гостинската екипа одби да се појави на теренот, неофицијално поради фактот што во арената не се наоѓале нејзините навивачи, па по повеќе од половина час неизвесност, од организацијата соопштија дека натпреварот нема да се одигра.

На навивачите им е соопштено дека натпреварот нема да се одигра, а сега останува да се сочека реакцијата на ЕХФ и одлука за сценариото за ова финале, во кое Алкалоид има предност од првиот натпревар.

Македонскиот претставник победи на првата средба како гостин со 29:25 и беше фаворит да стигне до европскиот трофеј, но сега ќе треба да очекува епилог кој нема никаква поврзаност со спортот и ферплејот.

Јасно е дека ЕХФ треба со службен резултат да го круниса Алкалоид, но останува да се очекува и официјалната потврда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни