Поврзете се со нас

Светски првенства

Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/ChelseaFC

Челси профитираше од одличното прво полувреме, во кое постигна три гола и го совлада ПСЖ (3:0) финалето на Светското клупско првенство во Њу Џерси.

Европскиот шампион не искористи една голема шанса при резултат 0:0, по што следуваше шок на спротивната страна, односно три гола во едно полувреме.

Кол Палмер е играч на натпреварот со постигнати два идентични голови во мрежата на Донарума, а потоа и со асистенција до Жоао Педро, кој ги постави конечните 3:0 по првиот дел.

Во второто полувреме ПСЖ правеше притисок, не ги искористи шансите да ја врати неизвесноста, а на теренот растеше тензијата по која Невеш заработи и црвен картон во завршницата од дуелот.

Челси стана прв освојувач на Светското клупско првенство во новиот формат, а ПСЖ на крајот ја заврши одличната сезона без да го освои максималниот број трофеи кои му беа на располагање.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни