Македонија
ФФМ го осуди нападот врз Сејдини: Директен удар на вредностите на фудбалот, спортот и демократијата,

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави соопштение, со кое го осуди физичкиот напад врз претседателот Муаред Сејдини.
Првиот човек на ФФМ синоќа бил нападнат од три маскирани лица пред скопски ресторан, за среќа поминал без посериозни повреди, по што го пријавил случајот во полиција.
ФФМ го осуди кукавичкиот напад над Сејдини и потенцираше дека изборот на раководни луѓе во федерацијата се бираат со гласовите на делегатите на собрание, а не со насилство.
Во продолжение целосното соопштение на ФФМ:
– Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува кукавичкиот и срамен напад врз нашиот претседател Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат на паркингот од скопски ресторан.
Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен удар врз вредностите на фудбалот, спортот и демократијата, воопшто.
Јасно и недвосмислено истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи насилството да стане средство за влијание или решавање на кој било предизвик. Изборот на раководни лица во ФФМ се одвива исклучиво преку легални и демократски процедури, со гласови на делегатите, а не со закани и насилство. Оние што се обидуваат да го нарушат овој процес преку сила треба да бидат свесни дека нивните постапки се веќе идентификувани и дека соработуваме со институциите на правдата за целосно расветлување на овој инцидент.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и сите надлежни органи, да преземат итни мерки и да го истражат случајот до крај, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.
За овој инцидент го информиравме и раководството на УЕФА и ФИФА.
Претседателот на ФФМ останува непоколеблив пред ваквите закани и притисоци. Тие не ја ослабнуваат неговата решителност, туку напротив ја зајакнуваат неговата посветеност кон интегритетот и транспарентноста во спортот.
Муамед Сејдини на оваа позиција е избран на легален начин, преку гласовите на делегатите и само на ист начин ќе го заврши или продолжи својот мандат. Насилството никогаш нема да биде средство кое ќе го одреди неговото присуство или заминување.
Фудбалската федерација на Македонија останува цврсто посветена на промовирање на спортските вредности, фер игра и почитување на институциите.
-
Италија23 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија22 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА24 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Англија20 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија20 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Шпанија20 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет22 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)