Македонија
Чупиќ: Трофеи, живот и ракометна енергија – Вардар и Скопје ми овозможија уникатни моменти во кариерата

Иван Чупиќ ја заврши ракометната кариера со многу трофеи, вклучувајќи ги и најпрестижните клупски, освоени во дресот на Вардар, а во меѓувреме почна нова ракометна етапа во својот матичен клуб Метковиќ.
Колегата Тони Митев од Спортското радио 90,3 фм, реализираше ексклузивно интервју со поранешното хрватско крило во неговиот роден град, а Чупиќ се наврати на периодот кога беше дел од Вардар и живееше во Македонија, истовремено запознавајќи ги ракометните фанови и со неговата актуелна преокупација.
– Откако ја завршив играчката кариера, се вратив на почеток, односно во мојот град и матичен клуб Метковиќ. Работам како тренер и координатор на младинскиот погон, почнав нова етапа во кариерата, напорно работам и се развивам во таа насока и засега сум задоволен, – вели Чупиќ.
Поранешниот член на Вардар се наврати и на периодот додека настапуваше за Вардар и спомените кои ги носи од тој период.
– Јас и целото мое семејство поминавме пет убави години во Скопје, веројатно и најубавите спортски и играчки денови ги поминав токму таму. Сите мои соиграчи од тоа време, а сега пријатели, знаат дека сакав да ја завршам играчката кариера во Вардар, но животот на спортистите е таков, непредвидлив, а тоа ми се случи и мене.
– Сите знаат колку Вардар ми е во срце, тоа е мој втор дом, сите во семејството имаме само најубави спомени. Не се работи само за трофеите, туку цела таа ракометна енергија во Скопје, горд сум и среќен што добив можност да настапувам за скопскиот тим, – вели Чупиќ.
Целото интервју на Чупиќ за Спортското радио 90,3 фм може да го слушнете ТУКА
-
Англија10 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија18 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)