Поврзете се со нас

Шпанија

Чаби Алонсо добил важна гаранција од менаџментот на Реал Мадрид

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо не може да биде целосно задоволен од изданието на Реал Мадрид на Светското клупско првенство и го очекува сериозен предизвик во кратките подготовки за новата сезона, а „Марка“ тврди дека добил важна гаранција од раководството на клубот.

Вообичаено добро информираниот извор за случувањата во редовите на Реал, тврди дека Алонсо имал состанок со Флорентино Перез и неговите најблиски соработници и на истиот добил уверување дека има одврзани раце за третманот кој ќе го добијат членовите на првиот тим.

Со други зборови, Алонсо ќе има поддршка доколку реши да „дисциплинира“ некоја од ѕвездите на Реал, односно да пресели на клупата фудбалер од кого не е задоволен од залагањето на тренинзите и натпреварите.

Состанокот бил одржан по елиминацијата од Светското клупско првенство во САД, а пораката на стручниот штаб и менаџментот е дека нема да биде толерирано нечие его на сметка на клупските резултати и успеси.

Двете страни се согласиле дека не треба да биде пропуштена шанса за квалитетно засилување за одбраната и бековските позиции доколку се појави, а очекувањата се дека Реал ќе го агажира најмалку Алваро Карерас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни