Поврзете се со нас

АТП

Британецот Кларк победи на АТП Челинџерот во Скопје

Објавено

на

Фото: www.mtftennis.mk

Скопје изминатава недела беше домаќин на силен тениски турнир од Челинџер серијата, а на крајот до трофејот на истиот стигна Џеј Кларк.

Британскиот тенисер денеска славеше во финалето против Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2:0 во сетови и на тој начин ја круниса одличната форма и серија на турнирот кој се играше на терените на ТК Југ во Скопје.

Кларк направи три брејка во првиот сет за убедливи 6:2, додека во вториот сет еден брејк беше доволен за 6:3 и конечна победа по 85 минути на теренот.

Денеска се одигра и финалето во дубл на истиот Челинџер, а во него чешката двојка Паулсон-Врбански успеа да ги совлада првите носители, Балаџи од Индија и Рејес-Варела од Мексико со 2:1 во сетови.

Според организаторот, победникот во синг финалето ќе освои 75 поени и 12.980 евра, а финалистот 44 поени и 7.620 евра. За победниците во двојки има по 75 поени, а за финалистите по 50 поени. Паричната награда изнесува 4.540 евра, а за финалистите 2.630 евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни