Поврзете се со нас

Италија

Бриаторе за клубот за кој навива: На Јувентус му е потребен Алегри

Објавено

на

Италијанските медиуми се почесто го споменуваат Макс Алегри како повратник на клупата на Јувентус, а такво нешто посакува и Флавио Бриаторе.

Бизнисменот кој имаше и менаџерска кариера во Формула 1 важи за голем фан на „бјанконерите“, па и овој пат медиумите побарале мислење од него за актуелната ситуација.

– Имавме тим кој победуваше. Можеби не играше најубав фудбал, тоа не беше „шампањ фудбал“, но освојуваше трофеи.

– Раководството погреши што реши да менува, го доведоа Сари за кој сите знаевме дека не е прикладен за Јувентус, а потоа и Пирло како еден вид ризик. Тоа е како на возач почетник да му го дадете најмоќното Ферари.

– Имаше погрешни проценки, се губеа бодови против послаби противници, имаме квалитетни играчи, но не и среден ред. Причина се погрешните одлуки како таа со Алегри, па ова што се случува е последица на тоа, – изјавил Бриаторе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни