Поврзете се со нас

Германија

Баерн не напредува во преговорите со Диаз, веќе има нова алтернатива за истата позиција

Објавено

на

Фото: https://x.com/FCBayern

Раководството на Баерн Минхен никако да договори нов квалитетен крилен напаѓач, а последните информации велат дека сега сите напори се насочени кон преговорите со Луис Диаз од Ливерпул.

Колумбиецот е отворен за трансфер, но Баварците треба да го убедат англискиот шампион со соодветна понуда, нешто што досега не се случи и неизвесно дали ќе биде реализирано и наредниот период.

„Билд“ пренесува дека Баерн има нов резервен план, а тој се вика Леандро Тросар и подразбира расположение кај Арсенал да се откаже од белгискиот репрезентативец.

Германскиот првак ги меркаше Леао, Баркола и Вилијамс, четврти на списокот е Диаз, а сега како опција се појавил и Тросар.

Позитивен аспект е што Белгиецот има уште една година од договорот со Арсенал, па тоа може да биде клучно за побрзи преговори на двете страни.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни