Поврзете се со нас

Балкан

Бабунски дебитираше за Ботошани со мајсторска асистенција (Видео)

Објавено

на

Давид Бабунски денеска дебитираше за својот нов клуб, романскиот прволигаш Ботошани и во минутажата која ја доби, успеа да испрати мајсторска асистенција до стрелецот на единствениот гол за неговиот тим.

Ботошани загуби во рамките на плејоф фазата од Универзитатеа со 2:1 на гостински терен, а за разлика од Ашковски кој беше стартер па повлечен од игра, Бабунски доби шанса во 76. минута од средбата.

Тоа беше доволно за македонскиот интернационалец да направи еден маестрален потег, а истиот го искористи Хрватот Дуганџиќ за да ги постави конечните 2:1.

И по ова коло, Ботошани останува на последното шесто место и без победа во плејоф фазата на првенството.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни