Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ги решил и последните проблеми во преговорите за Ѓекереш

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Долгите преговори на Арсенал и Спортинг Лисабон за трансферот на Виктор Ѓекереш ќе финишираат и „топчиите“ конечно ќе можат да го претстават шведскиот голгетер како свое големо засилување.

Ова го тврди добро информираниот новинар Дејвид Орнштајн, кој вечерва пренесе дека двете страни успеале да ги надминат проблемите во однос на одредени детали од договорот и Арсенал е блиску до комплетирање на процесот.

Ѓекереш ќе потпише петгодишен договор со премиерлигашот и ќе биде навистина големо засилување за составот на Микел Артета, кој последната сезона имаше посебни проблеми со напаѓачката позиција.

Останува да се види која сума ќе биде доволна за трансферот на Ѓекереш и дали Спортинг ќе добие најмалку 70 милиони евра како што очекуваше, а Орнштајн порачува дека може да се очекува потврда на трансферот уште деновиве.

Во меѓувреме, Ѓекереш не се појави на почетокот на подготовките на Спортинг, а претседателот на клубот најави дека ќе биде санкциониран поради таквиот потег.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни