Европски купови
АЕК со соопштение се обиде да го оправда предизвиканиот скандал во Скопје

Европската ракометна сцена остана без најавеното финале во Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК, а гостинската екипа која одби да го одигра натпреварот во Скопје сега ја префрла одговорноста на македонскиот претставник.
Неколку часа по потврдата дека натпреварот нема да се одигра, АЕК објави официјално соопштение, со кое се обиде да го оправда својот потег на реваншот од финалниот двомеч.
– АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство, значи обединување. Најголемата поддршка ја добиваме од нашите верни навивачи, а нивно непочитување значи и непочитување на АЕК. Затоа, нашата управа денеска едногласно донесе тешка, но неопходна одлука.
– Нема сила што може да нанесе неправда, како што локалните власти во Скопје се обидоа, кулминирајќи со недозволувањето на дел од нашите навивачи да ја минат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок. Сите сме тука и продолжуваме обединето, не преговараме за гордоста на АЕК, – вели грчкиот тим објаснувајќи го својот став.
Епилогот од денешниот скандал предизвикан од АЕК е во рацете на ЕХФ и нејзините комисии.
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија18 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)