Поврзете се со нас

Балкан

🎥 Трајковски ќе изгледа како Далматинец куче – Хајдук изненади со дизaјнот на дресот

Објавено

на

Хајдук денеска го претстави својот трет дрес, инспириран од Далматинец куче. Адидас од оваа сезона е технички спонзор на сплитскиот тим, а откако клубот неодамна ги објави првите два сета, сега на ред е третата гарнитура.

Хајдук на своите социјални мрежи напиша: „Хајдук и адидас фудбал го претставуваат новиот трет дрес!

Новото партнерство помеѓу Хајдук и Адидас свечено ќе го прославиме во петок на уникатен моден настан!

Идејата на тоа е е да покажеме како да ги носите вашите омилени дресови во секојдневни комбинации, бидејќи за Хајдук и неговите фанови дресот не е само дрес, туку вистински симбол на љубов и посветеност! Настанот ќе можете да го следите во живо на #HDTV, а новиот трет дрес ќе биде достапен во продажба од сабота!“, порачаа од клубот.

Како што е познато за составот од „Пољуд“ настапува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни