Репрезентација
Новогодишно обраќање на Сејдини: Да бидеме на висина на задачата!

Во пресрет на новата календарска година, од Фудбалската федерација на Македонија денеска се обрати претсетдателот Муамед Сејдини.
Очекувано, во неговите зборови доминираа заедничките соништа што го имаат сите спортски ентузијасти во земјава, а се однесуваат на пласман на ЕП 2020 преку завршните натпревари од Лигата на нациите.
– Оваа генерација одигра одлични натпревари во квалификациите и ја врати довербата во најдобриот национален тим. Напредокот во играта и посветеноста на тимот го видоа сите. Но, фудбалот бара постојано да бидеме одговорни. И ние како федерација која им овозможува услови за подготовка и натпревари на репрезентацијата, но и стручниот штаб кој ги наметнува фудбалските вредности, дисциплината и почитта во тимот. Искрено, се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и ќе уживаме во моментите на радост. Треба да го задржиме заедништвото и квалитетот во натпреварите. Токму поради тоа, со голем оптимизам гледаме кон Европското првенство. Посакувам голема среќа на натпреварите за историски пласман на ЕП 2020. Федерацијата, како и секогаш до сега, ќе осигура максимални услови за репрезентацијата. Верувам дека и нашите навивачи ќе уживаат и ќе бидат голема поддршка,- заврши Сејдини.
Македонија е домаќин на Косово на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“, а ако успее да победи, во финалето ќе гостува на подобриот од дуелот Грузија – Белорусија.
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија6 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет14 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП5 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија12 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП4 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија6 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра