АТП
Бекер ги наброја играчите кои ќе ги наследат Федерер, Надал и Ѓоковиќ: Тенисот нема да биде досаден по „големата тројка“!
Младите играчи конечно почнаа да покажуваат заби и на крајот од сезоната приредија неколку големи победи над Федерер, Надал и Ѓоковиќ, а тоа според многумина е јасна најава дека новата генерација полека почнува да доаѓа до израз.
За да се случи тоа, младите тенисери ќе мора да покажат добри перформанси и на грен-слем турнирите каде и натаму доминира „големата тројка“, но Борис Бекер е убеден дека набрзо ќе видиме промена и на најголемите турнири, заклучувајќи дека тенисот има светла иднина и без тројцата најдобри играчи во овој момент.
– Бев дел од тоа кога мојата генерација ја наследија Агаси и Сампрас. Сега сите мислиме дека ќе биде крај за тенисот кога ќе се повлечат Ѓоковиќ, Рожер и Рафа. Тоа не е така, имаме фантастични млади тенисери кои надоаѓаат и кои ќе го имаат главниот збор во блиска иднина. Зверев ќе биде при врвот, Медведев, Тим и Цицпас. Тука се уште и Шаповалов, Де Минар, Алиасим, но не треба да се заборави ниту Кирјос кој има огромен потенцијал. Тенисот нема да биде досаден. Секогаш се мисли дека доаѓа крајот кога завршува една ера на шампиони, но наместо тоа, секогаш доаѓа нова генерација на тенисери, – порачува Бекер.
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија13 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија21 час
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)