Балкан
Претседателот на Ристовски и Адеми: Срамота е да играме на ваков стадион во ЛШ
Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријен Адеми во Лигата на шампионите на домашен терен ќе игра против Борусија, Милан, Селтик и Монако, а на гости против Баерн, Арсенал, Салцбург и Слован Братислава.
Распоредот на натпреварите ќе биде познат во сабота, а првото коло во Лигата на шампионите ќе се игра од 17 до 19 септември. Еве што изјави претседателот на Динамо, Велимир Зајец по ждрепката:
„Нашиот спортски директор Марко Мариќ кој отиде на ждрепката не е најсреќен. Добивме силни противници, но и противници кои можеме да ги победиме во добра кондиција. Се надевам дека ќе освоиме неколку бодови и можеби ќе одиме понатаму. Нашиот тим е добар, не верувам дека можеме многу да се засилиме. Покажавме колку добро можеме да играме против Карабах“ изјави Зајец.
„Сигурно дека парите што ќе ги земеме и тоа како се добри. Мора да го поправиме клубот, тоа беше ветување и дефинитивно ќе го направиме. Останува само стадионот кој го ветивме, но не знам како ќе заврши. Срамота е што Динамо игра на ваков стадион, не знам како ќе се чувствуваат големите клубови кога ќе дојдат овде.
-
Балканпред 23 часа
Сите проблеми се забораваат кога се игра дерби: Хајдук го сруши Динамо на „Максимир“ (ВИДЕО)
-
Балканпред 13 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Светпред 14 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 13 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 12 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Шпанијапред 11 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Светпред 22 часа
Дориев намести гол и ја спаси Согдиана од пораз (ВИДЕО)