Поврзете се со нас

Италија

Јувентус успеа да заработи од продажба на офанзивен играч кој не постигна ниту еден гол за „бјанконерите“

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Во периодот кога Јувентус официјално не го потврдил новиот тренер, а според медиумите веќе е во завршни преговори за неколку трансфери, клубот од Торино успешно заврши една трансфер задача во однос на продажбите.

„Бјанконерите“ ја завршија соработката со Кајо Жорге, фудбалерот кој пристигна во Торино пред три години како голем бразилски потенцијал, но немаше среќа да добие вистинска шанса за наметнување во црно-белиот дрес.

Жорге заработи потешка повреда додека настапуваше за У-23 тимот на Јувентус, а по долгата пауза беше испратен на заем во Фрозиноне, каде одигра солидна сезона, иако тој и соиграчите не успеаја да спречат овој тим да се врати во Серија Б.

Јувентус му плати 7 милиони евра на Сантош за Кајо, а три години подоцна го продаде истиот фудбалер на Крузеиро за 7,2 милиони евра, со што успеа да оствари и капитална добивка од 3,1 милиони евра.

Бразилецот одигра само десетина натпревари за Јувентус и не успеа да постигне ниту еден гол на официјален натпревар, па Јувентус може да биде задоволен од начинот на кој ја заврши соработката со Жорге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни