Репрезентација
И Ибиши отпадна поради повреда, Милевски повика нов фудбалер
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски заедно со неговиот стручен штаб во Охрид го одржува тренинг кампот за фудбалери до 20 години од домашниот шампионат.
Од првично повиканите фудбалери, селекторот Милевски поради повреда ги ослободи фудбалерите на Вардар, Али Адем и Бојан Колевски, а дополнително, исто така поради повреда не може да смета ниту на Џемал Ибиши од Вардар. На фудбалерите кои до сабота, 14. декември ќе се подготвуваат и ќе одиграат тренинг натпревар против Работнички на „Билјанини Извори“ денеска им се придружи фудбалерот на Тиквеш, Марио Илиевски.
Тренинг натпреварот меѓу селекцијата до 20 години и Работнички се игра в сабота од 13:00 часот.
-
Англија17 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија14 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП17 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет15 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија15 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)
-
Европски првенства5 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП
-
Англија16 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Франција11 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..