Поврзете се со нас

Формула 1

Звукот на шампионското Ферари одекна на Муџело: Мик Шумахер со болидот на својот татко одбележа историја! (Видео)

Објавено

на

Шарл Леклер и Себастијан Фетел го освоија осмото и десеттото место на денешната трка за Големата награда на Тоскана, резултати кои секако не одат во иста реченица со богатата историја на Ферари, тим кој ова попладне го славеше 1000-то гран-при во Формула 1.

Италијанската гордост дефинитивно не ги минува најдобрите денови од своето постоење, но затоа во минатото остави длабока трага во овој спорт, па пред денешната трка на Муџело, беше навистина убаво и посебно да се чуе звукот на шампионското Ферари од 2004-та година.

Сценариото беше уште поуникатно бидејќи задолжен за управување на болидот беше Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел кој е убедливо најголемиот шампион во историјата на Ферари.

Во моменти кога се уште води битка за враќање во нормален живот, неговиот наследник го извозе легендарното Ферари на Муџело, а звукот на шампионскиот болид ги наврати Ф1 фановите во времето во кое се верува дека спортот доживеа најголема популарност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни