Поврзете се со нас

Англија

Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико

Објавено

на

Манчестер Јунајтед е во потрага по нов офанзивец, а Ерик Тен Хаг дал дознаење до управата дека мора да се ангажира нов офанзивец што е можно поскоро.

Откако пропаднаа шансите да се ангажира Марко Арнаутовиќ, од Манчестер Јунајтед се вдале во потрага по нов офанзивец кој треба да донесе нешто плус во нападот.

Дел од медиумите пренесуваат дека изборот паднал врз Коди Гакпо од ПСВ, но други веќе пренесуваат дека на „Олд Трафорд“ бил понудн Алваро Мората.

„ЕСПН“ пишува дека агентите на 29 годишниот шпански репрезентативец го понудиле Мората на Манчестер Јунајтед и дека од клубот сериозно почнале да размислуваат за ваквата можност.

Договорот на Мората со Атлетико Мадрид истекува во 2023 година, па не би чинел многу доколку пристигне на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни