Поврзете се со нас

Евролига

Звезда заборави да победува во Евролигата: Шести пораз во низа за „црвено-белите“

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Црвена Звезда има навистина лоша сезона во Евролигата и игра потпросечна кошарка во Европа, а доказ за тоа се шесте последователни порази во најелитното натпреварување на стариот континент.

Српскиот претставник е далеку од ланската форма и вечерва забележа уште еден неуспех во Штарк арената пред своите гледачи, каде грчки Панатинаикос потврди дека во моментов е неколку класи подобар од Звезда.

Третопласираниот тим на табелата оставри сигурна победа со резултат 76:89 и го најави триумфот уште во првото полувреме, па избраниците на Сферопулос останаа без желба за надигрување во вториот дел и лесно се помирија со шести пораз во низа.

Севкупно гледано, за Звезда ова беше 20-ти пораз во 30-та рунда и „црвено-белите“ останаа на само десет победи, а таквиот учинок прави да бидат трет најслаб тим во Евролигата.

Последната победа Звезда ја оствари над Валенсија на 30-ти јануари, што значи дека српскиот великан не знае за триумф повеќе од месец и половина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни