Поврзете се со нас

Евролига

Звезда со одлично второ полувреме го скрши турскиот шампион, „снајперистот“ Лапровитола донесе победа за Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Тимот на Црвена Звезда дојде до четвртата победа во Евролигата и тоа против Анадолу Ефес кој вечерва падна во Белград со резултат 97:83.

„Црвено-белите“ имаа проблеми да се наметна во првиот дел и покрај огромната поддршка од трибините, односно на пауза заминаа со негатива од 49:43. Меѓутоа по одморот ситуацијата беше поинаква, домаќините беа супер ефикасни во нападот, ја стегнаа одбраната и заслужено дојдоа до посакуваниот резултат.

Улогата на лидер ја имаше Недовиќ со 23 поени, Митровиќ додаде 19, а плејмејкерот Дос Сантош 15 кошеви со 4 скока и 5 асистенции.

Барселона пак мораше добро да се испоти за да го потврди статусот на фаворит против Асвел. Каталонците славеа со 101-92, најголема заслуга за тоа имаше Лапровитола кој реализираше дури осум тројки од десет обиди, севкупно имаше 28 поени. Весели и Паркер заедно искомбинираа 27 поени.

Луваву Кабаро со 20 поени беше прв стрелец кај францускиот тим.

На последниот дуел Басконија како гостин ја доби Валенсија со 98:84.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни