Евролига
Звезда си поигра со Баерн, победничкo деби на Спанулис против европскиот шампион (ВИДЕО)
Црвена Звезда го растури Баерн Минхен со 101:77 на вечерашниот натпревар од 12. коло во Евролигата.
Иако многумина очекуваа израмнета борба, меч на една, две топки, домашните играчи му одржаа вистинска лекција на противникот кој во Белград пристигна со голема самодоверба по огромната победа од 22 разлика над Барселона.
Меѓутоа уште еднаш се покажа дека секоја пресметка, натпревар е различен, па Звезда на денешниот покажа далеку повеќе, доби три од четирите четвртини, најдоминатна беше во третиот период кој заврши со резултат 29:10. Петрушев беше прво име со 25 поени, 5 скока и 3 асистенции.
Во Грција пак Висилиус Спанулис му зема мерка на поранешниот клуб и актуелен европски шампион Панатинаикос и тоа на дебито како предводик на Монако. Францускиот тим триумфираше со 91:88, лидер беше Диало со 24 поени, најголема поддршка му беа Лојд и Окобо кои заедно додадоа 29 кошеви.
Кај Панатинаикос за кои ова беше петти сезонски пораз, Нан реализираше 23 кошеви.
На последната денешна средба Асвел го надигра Анадолу Ефес со 97:82.
-
Англија16 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија14 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП16 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет15 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија15 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Англија15 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)
-
Франција10 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..
-
Европски првенства5 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП