Поврзете се со нас

Балкан

Звезда се засили со поранешен плејмејкер на Партизан

Објавено

на

foto:twitter.com/Baskonia

Црвена Звезда продолжува да го формира тимот за натпреварувачката 2024/2025, па така денеска го официјализираше новото засилување, засилување на плејмејкерската позиција.

Нов член на клубот од Белград е 30-годишниот Коди Милер Мекинтајер кој доаѓа од редовите на Басконија. Тој во натпреварувачката 2023/2024 беше најдобар асистент во Евролигата и воедно стана еден од ретките играчи кои оствариле трипл-дабл во најквалитетното натпреварување на стариот континент.

Претходно Звезда се засили со Урош Плавшиќ, Ајзеа Кенан, Мајк Даум и Никола Калиниќ, а договорите ги продолжија Боломбој, Гедраитис, Јаго Дос Сантос, Милош Теодосиќ и капитенот Бранко Лазиќ.

Инаку Коди во досегашната кариера има настапувано и за Партизан што значи ова за него е враќање во Србија, но во лутиот ривал на „црно-белите“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни