Поврзете се со нас

Балкан

Звезда прими гол директно од корнер, но го освои Купот на Србија (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/crvenazvezdafk

Екипата на Црвена Звезда ја потврди доминацијата во српскиот фудбал со освојување и на трофејот во Купот каде со пресврт славеше над Чукарички со 2-1.

Ова за „црвено-белите“ е 13. дупла круна во нивната историја, но кога се работи за потегот кој го одбележа финалето на Купот истиот е дело на капитенот на Чукарички. Се играше 21 минута кога Марко Доциќ во стилот на Артим Шаќири го матираше голманот Борјан директно од корнер.

Сепак во продолжението Александар Пешиќ даде два гола за славје на фаворитот и нов пехар во своите витрини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни