Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Звезда поразена од Бенфика, „фармацевтите танцуваа“ во Ротердам (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/crvenazvezda_en

Составот на Црвена Звезда доживеа пораз од Бенфика од 2-1 во средбата од првото коло во Лигата на шампионите.

„Црвено-белите“ имаа максимална поддршка на средбата во Белград, но португалскиот великан беше тој што ги освои трите бода.

Гостите веќе по 29 минути игра водеа со 2-0 и тоа благодарение на погодоците на турските репрезентативци Актуркоглу и Кокчу кој погоди од слободен удар.

Домаќините се обидуваа да се вратат во игра, меѓутоа само дојдоа до почесен гол во 86 минута.

Германскиот првак Баер Леверкузен пак полесно од очекувањата го прегази Феенорд на негов терен во Ротердам. „Фармцавтите“ уште по првото полувреме дојдоа до предност од 4-0, резултат кој се покажа и како конечен на крајот.

Вирц даде два гола, погоди и Грималдо, а автогол си даде и голманот на холандскиот претставник.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни