Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Звезда подобра од Тирана на Најдовски и Тошевски (ВИДЕО)

Објавено

на

Српскиот првак, Црвена Звезда успеа да слави над Тирана со 1-0 и да обезбеди пласман во наредната квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

„Црвено-белите“ не блескаа, мораа добро да се испотат, а и среќата беше на нивна страна на вечерашниот меч во Албанија кој го реши Томане со удар со глава во 62 минута. Португалецот беше највисок по корнерот што го изведе Катаи и со удар со глава ја смести топката во мрежата на домаќините.

Кај Тирина сите 90 минути ги одиграа поранешните вардарци Филип Најдовски и Кристијан Тошевски.

На вториот денешен натпревар ПАОК беше подобар од Бешикташ со 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни