Поврзете се со нас

Евролига

Звезда по „екстра период“ го доби Монако, Барселона врза четири победи во низа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBbasket

Кошаркарите на Црвена Звезда славеа во највозбудлив натпревар во вечерашната програма во Евролигата, победа над Монако од 88:82 за која беа потребни дополнителни пет минути.

Во основниот дел двата состави добија по две четвртини, а клучните поени за екстра период и 76:76 беа дело на Кенан. Во продолжението „црвено-белите“ подобро се снајдоа и со 12:6 дојдоа до важен триумф по кој имаат учинок 13-9 во најквалитетното европско натпреварување.

Дуото Петрушев-Кенан беше клучно со уфрлени 49 кошеви.

Барселона пак влезе во одличен ривал на европската сцена и потврда за тоа се четирите трумфи во низа од кои последниот беше оставен во „Палау Блауграна“ над Анадолу Ефес од 90:80. Барса подобро ги одигра парните четвртини што беше доволно да ги израдува своите навивачи.

Шестмина играчи беа двоцифрени, Пантер ја предводеше листата со 15 кошеви. Брајант беше најсветла точка кај поразените со 16 поени.

На преостанатите дуели позитивни резултати остватија Фенербахче, Басконија и Виртус Болоња во соочувањата со Жалгирис, Панатинаикос, односно Баерн Минхен.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни