Евролига
Звезда немаше сили за изненадување во Барселона, германското дерби за Алба (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона издвојуваа победа над Црвена Звезда од 85-79 во средбата од 29. коло во Евролигата.
Шпанскиот претставник важеше за голем фаворит на оваа средба, но мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат и со тоа ги остави зад себе поразите кои минатата недела ги доживеа против Олимпијакос и Фенербахче.
Гостите од Белград храбро се бореа, беа конкурентни, но Барса беше таа што секогаш го имаше последниот збор и на крајот сосема заслужено ги израдува своите фанови во „Палау Блауграна“.
Фантастични беа Миротиќ и Весели кои заедно искомбинираа 42 кошеви, додека кај поразените Кампацо немаше соодветна поддршка или поточно тој уфрли 24 кошеви.
Алба Берлин славеше над Баерн Минхен во драматичното германско дерби со 76-75. Клучните поени ги даде Вецел на 1.3 секунди до крајот и тоа на асистенција на Ло.
Ло со 16 поени беше прв стрелец, Вецел додаде 11, а двоцифрен беше и Блат со 10 кошеви. Винстон со 14 беше најсветла точка кај поразените.
-
Балканпред 15 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 15 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 14 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 23 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 13 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)