Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Звезда не успеа да го скрши отпорот на Шериф, ПСВ најубедлив (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Црвена Звезда не ја оправдаа улогата на фаворити и одиграа без победник против Шериф Тираспол (1-1) во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

„Црвено-белите“ играа во својот дом во Белград и ја имаа поддршката од публиката, меѓутоа тоа не се покажа како доволно за да дојдат до резултатот кој го посакуваа пред реваншот во Молдавија.

Гостите го отворија резултатот во 33 минута по слободниот удар кој го изведе Кастањеда. Звезда брзо реагираше, одговори и во финишот на првиот дел израмни на 1-1 преку Диони.

На почетокот на второто полувреме Канга направи глупост и доби втор жолт картон што дефинитивно влијаеше врз избраниците на Станковиќ кои не притинскаа како што посакуваат и со реми го завршија натпреварот.

Најубедлив настап во денешните квалификации имаше ПСВ против Митјиланд. Холандскиот тим славеше со 3-0 со головите на Мадуеке, Геце и Гакпо.

Останати резултати: Малме-Ренџерс 2-1, Спарта Прага-Монако 0-2, Олимпијакос-Лудогорец 1-1, Генк-Шахтјор 1-2, Клуж-Јанг Бојс 1-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни