АБА лига
Звезда му се реваншираше на Партизан и го презема врвот во АБА лигата
Црвена Звезда успеа да му се реваншира на Партизан во второто вечно дерби кое се одиграа оваа сезона, а првото во АБА лигата донесе резултат на каков навикнаа навивачите на „црвено-белите“ во последните неколку години.
Партизан не знае за победа над Звезда на гостински терен од 2015-та година и оваа катастрофална серија продолжи и денеска, без оглед на тоа што избраниците на Жељко Обрадовиќ беа во игра за победа до последната минута.
Големото дерби повторно донесе голема неизвесност и тензија во самата завршница, а во такви услови подобро се снајдоа играчите на Звезда кои имаа повеќе нерви.
Офанзивните напади на двата тима сериозно опаднаа во последните 10 минути и видовме многу грешки на двете страни, но сепак во завршните 60 секунди подобри беа домаќините кои со серија од 4:0 го решија победникот.
Партизан не искористи два напади за да дојде до предност при резултат 85:84, па на крајот мораше да гледа како Звезда го добива големото АБА дерби со 89:84.
Овој триумф значи дека Звезда се израмни со Партизан и сега има скор од 11:2, но идентичен биланс има и Будуќност. Фактот што Звезда ги доби двата натпревари против директните ривали прави шампионот да биде на првото место, па така избраниците на Сферопулос се погрижија за извонреден крај на 2024-та година.
-
Светски првенства22 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства21 час
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства21 час
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Светски првенства23 часа
Кузмановски со величествен гест воодушевил 40 македонски навивачите пред натпреварот со Гвинеја
-
Репрезентација11 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија14 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Шпанија13 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Шпанија23 часа
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)