Лига Европа
Звезда му се извини на Златан за срамното видео и најави сериозни последици за примитивецот

Милан Павков постига херојски гол во 93-та минута и израми на 2:2 против Милан на „Маракана“, стадион на кој дефинитивно ќе имаше експлозија од емоции доколку натпреварот се играше во нормални услови со навивачи на трибините.
Сепак, и покрај сите протоколи поради Ковид 19 и забраната за фанови, имаше одредена мала група на главната трибина на стадионот, а еден од нив изрежира сцена која ја згрози цела јавност во регионот, вклучувајќи ја и српската која остро ги осуди навредите кои ги доби Златан Ибрахимовиќ.
Најдобриот напаѓач на Милан беше наречен „балија“ (навреда за муслимани) и навреден за босанското потекло кое го има, па сега со соопштение за срамната сцена се јави и Црвена Звезда која вети дека ќе го пронајде и казни примитивецот.
– Црвена Звезда најостро ги осудува навредливите повици кон Златан Ибрахимовиќ за време на мечот со Милан. Како клуб, ние направивме организација на мечот да биде на ниво за два големи клуба и нема да дозволиме еден примитивен поединец да фрли дамка на традиционалното гостопримство кое е познато за нашата земја.
– Црвена Звезда во соработка со надлежните органи ќе го пронајде споменатиот поединец и ќе инсистираме да ги сноси сите последици за таквиот однос. Црвена Звезда најискрено му се извинува на Зланта Ибрахимовиќ поради непријатностите кои ги доживеа во нашиот дом. Нашиот клуб по старите српски обичаи отсекогаш бил добар домаќин и познато е по тоа по цела Европа. Така и ќе остане, бидејќи вакви испади нема да толерираме, – порачува Звезда.

- Формула 1пред 24 часа
Пресврт од „кец во два“: Американскиот Ф1 тим Хаас ќе настапува со дизајн во боите на Русија, еве зошто!
- Англијапред 24 часа
Карагер со остар коментар за фудбалерите на Ливерпул, а од критики не го поштеди ниту Клоп
- Англијапред 23 часа
Чудна одлука на Солскјер, познато зошто Де Хеа ќе ги пропушти натпреварите во месец март
- Светпред 23 часа
Хабиб откри дека бил близок со Кристијано Роналдо: Неговиот најголем страв е поврзан околу синот
- Англијапред 22 часа
Кол импресиониран од тоа што го видел од Челси, посочи во што лежи тајната за рапидниот успех
- Англијапред 19 часа
Грилиш со интересен одговор зошто не го комплетирал трансферот во Манчестер Јунајтед: Немаше потреба, го имате..
- Италијапред 22 часа
Ибра и Михајловиќ го украдоа шоуто на Сан Ремо: Нашето пријателство започна со тој удар со глава
- Англијапред 19 часа
Агентот на Салах со кратка и мистериозна порака на социјалните мрежи откако играчот беше изваден од игра против Челси