Звезда го доби трагикомичниот пенал рулет со Копенхаген, Селтик и Порто претрпеа шокантни елиминации

zvezda-kopen

Црвена Звезда ќе ја гледаме во последното бараж коло за пласман во Лигата на шампионите, откако оваа вечер ја доби трилер драмата со Копенхаген на гостински терен.

Српскиот шампион играше со играч помалку цело второ полувреме и во таква ситуација успеа да го задржи резултатот кој важеше од првиот дел (1:1), а истиот го однесе натпреварот во продолжение со оглед на тоа што 1:1 беше и во Белград. Откако не падна гол ниту во продолженијата, средбата замина во пенал рулет, а благодарение на катастрофалните услови на теренот, бевме сведоци на трагикомични изведувања.

По неколку смешни утки и четири промашувања од двете страни, на крајот како херој се истакна голманот Борјан кој не само што го реализираше својот пенал, туку и му го одбрани оној на Винд во 11-та пенал серија.

Од другите натпревари, за издвојување се две големи изненадувања, односно елиминациите на Селтик и Порто. Шкотскиот првак е елиминиран од романски Клуж откако на домашен терен загуби со 3:4, додека Порто се посрамоти на „Драгао“ и загуби со 2:3 од рускиот состав.

Од фаворитите, Ајакс си ја заврши работата и го победи ПАОК со 3:2 во Амстердам.

Facebook Коментари