Поврзете се со нас

Балкан

Звезда доживеа елиминација од ЛШ, тренерот не размислува за оставка: Не се откажувам, не можам јас да дадам гол за екипата!

Објавено

на

Црвена Звезда загуби од Јанг Бојс со 2-0, резултат кој значеше елиминација на „црвено-белите“ од Лигата на шампионите, но и од европските купови затоа што е загубена и шансата за место и во Лига Европа.

Ова дефинитивно е големо разочарување за српскиот шампион кој вложи доста средства во оваа екипа, играчите, но и самиот тренер Барак Бахар кој и покрај ова што се случи тој не размислува за оставка, заминување од Белград.

-Никогаш не се откажувам, верувам во тимот, верувам во играчите и ќе дадам се од себе да продолжам, -рече Израелецот кој ги искритикува играчите кои не реализираа неколку добри шанси на дуелот во Берн.

-Не можам да излезам на терен и да постигнам гол, понекогаш промашуваат. Пак ќе напоменам, имавме огромни шанси, тоа се 100% шанси, тие шест, седум пати, ќе беше поинаку, добро работевме до последните акции, но не постигнавме гол.

-Сите грешивме, сите се виновни, завршивме последни и тоа е грешка. Сакам да извадам добри работи од оваа игра, ги одигравме сите натпревари и верувавме до крајот. Моравме да се мачиме да постигнеме гол, ни требаше среќа. Горди сме на фактот што играчите дадоа многу, а треба да погледнеме и што не очекува во иднина, -порача Бахар кој сега со екипата ќе се фокусира само на домашните натпреварувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни