Звезда без Антиќ немоќна во Малага, грчкото дерби за Панатинаикос (Видео)

jeff-brooks

Екипата на Црвена Звезда без нашиот Перо Антиќ претрпе уште еден пораз во Евролигата и тоа на гостувањето во Малага кај Уникаха со 79-65.

Домашниот состав повеќе ја посакуваше победата, одигра поквалитетно, поборбено пред своите фанови, а тоа донесе резултат и трета сезонска победа. Уникаха до новото славје дојде со тимска игра во која најрасположени беа Недовиќ со 17 и финскиот репрезентативец Салин со 15 уфрлени кошеви.

Битката на вечерта пак им припадна на кошаркарите на Панатинаикос кои славеа на теренот на големиот ривал Олимпијакос со 70-62. По два периоди добија двата состави, но гостите беа поуспено во своите подобри минути на паркетот.

Гист со 15 и Лекавичиус со 14 ја предводеа листата на стрелци кај победниците, додека најпозитивна точка кај домаќините беше Стрелниекс со 18 поени.

На преостанатите два меча Химки тесно ја доби Басконија (91-90), додека актулениот шампион Фенербахче го згази Бросе Баскет на негов терен со 80-57.

Facebook Коментари