Поврзете се со нас

АТП

Зверев жестоко и одговори на легендата: Погледни го мојот скор со Федерер и Ѓоковиќ

Објавено

на

Легендарната Мартина Навратиова го нападна Новак Ѓоковиќ и образложи зошто не го прифаќа неговото извинување по инцидентот кој го предизвика на Ју-Ес Опен, но неколку дена подоцна, не беше премногу позитивно настроена и кон Александер Зверев.

Германскиот тенисер се пласираше во своето второ грен слем полуфинале оваа сезона, откако во четвртфиналниот дуел со пресврт го совлада Борна Чориќ од Хрватска. Анализирајќи го овој меч, легендарната Навратилова заклучи дека Зверев игра премногу досадно и дека само го враќа топчето на противничката половина, па во пресрет на полуфиналниот дуел со Карењо Буста, младиот Александер доста дрско и одговори на незаборавната шампионка.

– Можеби треба да го погледне мојот скор со најдобрите во светот. Можеби треба да види дека имам позитивен скор со Рожер Федерер и дека ги добив најважните дуели против Ѓоковиќ во финалињата.

– Сега сум во полуфинале на грен слем турнир и сите четири играчи имаме иста цел. Кога не играте најдобро на теренот, како што беше тоа во четвртфиналето, понекогаш најважно е да го пронајдете патот до победата. Мартина е фантастична грен слем шампионка, многумина ја почитуваат, но нејзиното мислење ништо не ми значи, – заврши Зверев.

Германецот во самата завршница на Ју-Ес Опен ќе ја брка својата прва грен слем титула во кариерата, но исто важи и за неговиот противник Карењо Буста, како и за Доминик Тим и Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни