Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Жал ми е за Ѓоковиќ, цел свет…

Објавено

на

Најквалитетниот германски тенисер, Александер Зверев немаше никакви проблеми на стартот и обезбеди место во второто коло на Австралија Опен.

Зверев е еден од топ кандидати за пехарот во Мелбурн со оглед на тоа што сега го нема Новак Ѓоковиќ, односно со триумф може да дојде и до првото место на АТП листата. Сепак мора да се оди чекор по чекор, а додека го чека вториот предвизвик Германецот одново проговори за Ѓоковиќ и за се што му се случи на Србинот од слетувањето, па се до одлуката за депортација.

-Знаете, тој имаше виза. Потоа му ja одзедоа кога дојде. Победи на суд, mu дадоа да тренира, да остане во избраното сместување. Сега мораше да се врати во Србија. Целата ситуација не е лесна за никого, особено за него. Тешко е да се каже нешто, вистински работи. Австралија претрпе многу, таа е затворена земја речиси две години и ја разбирам таа перспектива, тешките правила што ги имавме минатата година.

-Јас сум од оние кои воопшто не се жалеа и го разбирам сето тоа. Крег Тајли изгуби неколку години од животот, но одлично си ја заврши работата. Да се ​​направи турнир минатата година кога сè беше затворено и да се има повторно овој беше огромен напор. Мислам дека заслужува честитки за тоа. Повторно ја разбирам перспективата на Австралијците, владата, но исто така верувам дека мораше да има поголема комуникација помеѓу владата на Викторија и Австралија пред да дојде Новак, бидејќи кога тој пристигна беше јасно дека сетоа ова ќе започне ако не му ја одорат визата, -истакна Зверев и додаде:

-Сега му е тешко во оваа позиција. Цел свет зборува за тоа, цел свет зборува за еден од најголемите спортисти на сите времиња на негативен начин, тешко ми е и на мене. Од самиот почеток мораше да биде појасно дали ќе му биде дозволено да влезе или не. Ќе го разбереше тоа ако кажаа дека невакцинирани нема да влезат, тогаш не би доаѓал ни во Австралија и толку. Целата оваа драма немаше да се случи. Жал ми е за него, особено затоа што целиот свет сега зборува за него, -заврши олимпискиот шампион од Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни