Поврзете се со нас

АТП

Зверев за загубеното полуфинале: Како да ме напуштила жената која ја сакам

Објавено

на

Александар Зверев се обиде, но не успеа да го победи Новак Ѓоковиќ, а Србинот уште еднаш покажа дека е тешко совладлив на меч во пет сета.

Германскиот тенисер не успеа да стигне до финалето на Ју-Ес Опен, а по мечот на интересен начин го опиша чувството по овој пораз.

Зверев зборувал за почетокот на петтиот сет, кога Ѓоковиќ набрзина освои два гејма на негов сервис.

– Вториот брејк во петтиот сет беше навистина несреќен момент за мене, но се случуваат такви работи.

– Играв просечно на свој сервис, но тој го почувствува тоа, а секогаш игра најдобар тенис кога е потребно.

– Затоа е и најдобар, а јас се чувствувам како да ме напуштила жената која ја сакам цел живот, – изјавил Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни